
Правда ги откри деталите од псоледната понуда до ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за СЈО
Во понеделник ВМРО- ДПМНЕ ќе одговори писмено на последниот предлог на миниситерството за правда со кој јавниот обвинител Љубомир Јовевски заедно со уште двајца искусни обвинители да формираат комисија која ќе ги распредели предметите на СЈО кои се во истрага, на соодветните обивнителства. Ова е само еден дел пакетот испорачан до опозиционерите, кои пак ,преку нивниот лидер Мицкоски во телевизиско гостување испратија сигнал до власта дека е прифатлив.
- Последната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дава надеж дека е прифатливо тоа што го разговаравме и го предлагавме, а тоа е дека надлежните обвинители кои ќе ги добијат започнатите предмети ќе си одлучат за иднината на тие предмети, а не ние политичарите, велат од министерството за правда.
Ако за Мицкоски одлучувањето на обвинители за предметите е прифатливпо, правда вели дека нема да попушти пред барањата бомбите на СЈО да се уништат.
- Се уште не сме го добиле на писмено предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. За да може да заборуваме за доближување на ставовите треба да не се бара од нас затворање на сите постапки после првите 18 месеци на СЈО, и уништување на сите материјални докази собрнаи во нив затоа што тоа значи скриена амнестија, информираат од правда.
И правда и Заев, и Мицкоски изразија согласување со идејата која денеска и официјално ја обелодени миниситерството, но и овој и остантите детали и треба да бидат озаконети со предлог измените во законот за јавно обивнителство со кој се крои иднината на СЈО. На листата спорни предмети по 30-ти јуни 2017-та се „Попис“ со осомничените Али Ахмети и Никола Груевски, „Пациент“ со Бујар Осамни од ДУИ.
Позитивните реакции кај политичарите ги загржива правниците. Секое нивно договарање „мириса“ на нова амнестија, вели адвокатот Звонко Давидовиќ.
СЈО беше формирано за да се избегне јавното обвинителство кое го пратеа скандали и обвинувања за корупциај и непотизам. Со најсвежиот предлог одново им се враќаат ингеренциите на истите луѓе, оценува Давидовиќ
Што и да одлучат политичарите, посоледниот збор ќе го имаат најмалку 80 пратеници, бидејќи за овие законски решениај потребно е двотретинско мнозинство.
Павле Беловски