Дискреционо право ги заштитува директорите за вработувањата

73 кандидати конкурирале за едно работно место во МЕПСО, директорот одлучил дека сестрата на министерот за економија Крешник Бектеши е најсоодветна. Ваквото дискреционо право на работодавачите е проблем за антикорупциската комисија. Од таму велат дека директорите ги злоупотребуваат можности кои им ги дозволува законот за работни односи. Тие треба да бидат исклучок кога се појавуваат двајца или тројца кандидати кои се речиси исто бодувани и рангирани. Токму поради ова ќе бараат измени во законите.

  • Ризици во законската регулатива, оставаат простор за влијание и тука треба да се интенвенира во законските прописи, тоа е дискреционото право. Пречекорување на дискреционото право треба да биде ограничено до каде треба да оди тоа може да се употреби ако одговорното лчице треба да вработи ако од 2-3 ца треба да одбере еден со приближно еднакви резултати од 73.  Само интервјуто е алатка нема критеруми нема бодување тоа законот не го бара, но во дух на добро владеење секој работодавач треба да внимава, вели претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска

Втор, но не помал проблем за антикорупционерите се штелуваните огласи. Велат дека има примери за работно место менаџмет, а на огласот се барало кандидат со географија. Проблем се и честите систематицзации во јавните претпријатија кои се прават по потреба за отворање на наменски работни места. Од антикорупциската како нешто што се провлекува со години ги истакнуваат времените вработувања особено во образованието преку кои се вдомуваат партиски кадри.

Од ДКСК најавија дека веќе ги лоцирале дел од проблематичните членови во законите кои овозможуваат злоупотреби и ќе предложат нивна измена. Ова доаѓа откако беа објавени неколку случаи на непотизам со вработувања на блиски луѓе на функционери. За следната недела е најавен нов бран со кој ќе се откријат уште такви случаи.

 

Билјана Николовска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ