Убиен 65 годишен жител на Рашче

Шеесет и петгодишен жител на скопското село Рашче попладнево е убиен на улица во селото.

Станува збор за Џ.Ш. (65) во кого, околу 14.30 часот, пукано од возило во движење а мотив за убиството, неофицијално, е крвна одмазда.

Според првичните информации тој бил вмешан во убиство кое се случило пред шест години, но засега нема никаква потврда.

Мештаните тврдат дека убијците биле во џип со бугарски таблички.

Тие тврдат дека го пресретнале нивниот соселанец во уличка каде со неколку истрели го ликвидирале а потоа побегнале кон излез на селото без да прецизираат дали продолжиле со бегството кон Кондово или кон Радуша.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ