Судијата Киро Здравев нов претседател на Судски совет

Со 12 гласа ЗА и ниту еден против, за претседател на Судскиот совет е избран судијата Киро Здравев. Негов заменик ќе биде Селим Адеми. За него гласаа 11 членови на Судскиот совет, и имаше едно неважечко ливче.

Здравев, функцијата ја наследува од досегашниот претседател Зоран Караџовски, чиј мандат истекува утре. По тајното гласање и изборот, Караџовски го одржа и последниот говор пред членовите, во кој кажа дека очекува неговиот наследник да има помалку турбулентно време.

Врховниот судија Киро Здравев, е нов член на Судскиот совет од декември 2018-та. Го предложи неговиот колега, членот Сашко Ѓоргиев, а други предлози немаше.  Мандатот на претседателот на судскиот совет, според новиот закон е 2 години. На седницата  присуствуваше и претседателот на Врховен, Јово Вангеловски, кој во последно време не доаѓа на седниците, а е член по функција.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ