
Реисот Реџепи прашува зошто владата се насочи против ИВЗ
Реисот Сулејман Реџепи по завршувањето на седницата на Ријасетот прашва зошто владата се насочи против ИВЗ и ја повика да делува Комисијата за односи меѓу верските заедници.
Предходно Мухарем Вејсели од ИВЗ рече дека Реисот Сулејман Реџепи не си дава оставка. Тој главната порака ја упати кон актуелната политичка гарнитура на која и порача да ги тргне рацете од ИВЗ. „ИВЗ е посвета од целата власт на Заев“, рече вечерва Вејсели.
Вечерва во Кондово Ријасетот на ИВЗ и поглаварот Сулејман Реџепи на вонредна седница ќе разговараат за новонастанатата ситуација.
Откако Основиот суд Скопје 2 ја уважил жалбата на Скедер Бузаку кој уште во 2015 бил избран за поглавар на ИВЗ.
„Од утре си даваме заклетва и ќе се организираме како верници јас сум новиот поглавар на ИВЗ, рече пред новинарите Скендер Бузаку, и тоа врз основа на сите внатрешни акти и врз основа на судско решение“.
Тој ја известил и финансова полиција која треба да направи увид на досегашното работеше на поглаварот Сулејман Реџепи во ИВЗ.
Антонио Милошоски вечерва за Топ Тема на Телма рече дека висок функционер во собранието е многу заинтересиран за смена на раководството на ИВЗ.