По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Полна судница, загушлива атмосфера. Се чита пресудата за убиството на младиот спортски навивач Никола Саздовски.

По долги 15-тина минути судијката ќе соопшти, по 19 години затвор за обвинетите Бесир Беља и Скендер Демири.

И третобвинетиот Јетон Лужа кому не му се судеше во овој процес бидејќи е во бегство удирал со клоци и тупаници. 16 пати  според вештите лица од институт за судка медицина ,напаѓачите мавнале, од кој удар точно починал Саздо не знаат лекарите.  Неколку  минути жртвата трепела болка, а тепачите знаеле. Затоа ова убиство е сторено на свиреп начин ќе заклучи судијката во пресудата. Судницата се испразни набрзина, и без коментирање. Првите реакции се од семејството Саздовски коишто сметаат дека судската правда е задоволена со овој исход.

Добија 19, бидејќи максималната за нив е 20 години затвор.

Токму на ова реагираше смејстовто на осудениот Бесир Беља.

На Јетон Лужа кој е во бегство ќе му се суди кога ќе го пронајде полицијата. Беља и Демири ќе мораат да испатаат по 80 илајди евра секој на семејството Саздовски за загубениот член од семејството. Остануваат во притвор се до правосилност на пресдуата, побара и доби обвинителството.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ