
ОДИХР: Мирен, транспранетен и добро спроведен прв изборен круг
Мирен, уреден, транспарентен и генерално позитивен е оценет првиот круг од претседателските избори. Странските набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР и на Парламентарното собрание на Советот на Европа констатираа дека изборната администрација добро ги спровела изборите, граѓаните имале доволно информации за да направат сопствен избор за кого ќе гласаат, а кампањата на кандидатите била во духот на европските аспирации на земјата. Според набљудувачите вчерашните избори покажале колку може да се постигне кога постои вистинска политичка волја. Забелешките имаат за Изборниот законик.
„Во отсуство на експлицитни правила за кампања за претседателските избори, воочиваме дека некои елементи од кампањата се споведуваат единствено врз основа на меѓупартиски договори што не дадоа еднакви можности за сите. Би сакала јасно да нагласам дека политичките договори не можат да заменат добро изборно право. Се надеваме дека по претседателските избори властите и Собранието ќе продолжат да работат на отстранување на бројните недостатоци во важечката правна рамка. Преостанува многу работа во оваа област“, изјави Корин Јонкер, шеф на мониторинг мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.
И избирачкиот список продолжува да биде предизвик.
„Иако засегнатите страни забележуваат подобрување во точноста на избирачкиот список, разликите меѓу различните бази на податоци и формати на податоци и натаму се проблем за кој е потребно внимание“, изјави Серин Моборн, шеф и координатор на краткорочните набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР.
Забелешки имаше и за техничките проблеми со кои се соочи ДИК што покренува прашање за негова информатичка безбедност. ОДИХР побара и поголема транспренстност и отчетност околу финансирањето на кампањите, а не постои и регулирање на водење на кампања од трети лица.
„Претходните препораки на ОДИХР беа јасни во оваа смисла , но по најголем дел од нив се уште не е постапено“, рече шеф на мониторинг мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.
За разлика од Изборниот законик, избирачкиот списокот и финансирањето на кампањите, на овие избори државните функционери добија преодна оцена.
„Јасните напори што државните функционери ги правеа за да избегнат мешање на политичките и на службените активности е важна новина што помага да се овозможи изедначен терен за натпревар на сите кандидати“, изјави Рајнхолд Лопатка шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на ОБСЕ.
Медиумите во кампањата понудиле непристрасно и доволно претставување на кандидатите со што граѓаните имале доволно информации да направат сопствен избор при гласањето.
Претставниците на меѓународните набљудувачи изразија жалење на нискиот одѕив на гласачите во првиот криг од претседателските избори.
Тамара Грнчароска