Татко и син убиени во Слупчане

Доцна синоќа нешто по 22 часот во атарот на село Слупчане, кај месноста „Слупчански бунар“ во патничко моторно возило марка Опел Астра се пронајдени две безживотни тела, во кои било пукано од засега непознат сторител. Итнаната медициска помош која пристигнала на местото само ја констатирала смиртта кај убиените.

Според полициски извори на Телма станува збор за Ахид Салахи од село Опае на возраст од 47 години и неговиот 9-годишен син Амар Салахи. Екипи на МВР и обвинителството извршиле увид на местото на убиството, по што ќе следи истрага. Телата на убиените се предадени на обдукција во судска медицина.

Убиениот е познат како човек што правел пари од камата, а и бил познат на полицијата по сторени неколку кривични дела, бил вмешан и во едно убиство одамна во Опае, а бил и во затвор. Истражителите пронашле и подигнале поголем број на испукани чаури преку чие вештачење се очекува да се утврдат битни факти во предметот. Ќе биде извршено и вештачење на возилото на кое се видливи повеќе траги од напад со огнено оружје. Повеќе детали се најавени за во текот на денот…

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ