Заев: Гласовите за река ќе дојдат на контото на заедништвото

Премиерот Зоран Заев и лидер на СДСМ, партијата која застана зад претседателката кандидатура на Стево Пендаровски синоќа на прес-конференцијата по првиот круг од гласањето изрази уверување дека во вториот изборен круг гласовите на граѓаните кои го дале својот глас за кандидатот Блерим Река ќе дојдат на контото на заедништвото и контото кое води напред. Истакна доколку кандидатот Стево Пендаровски загуби макар и со еден глас тој е подготвен за предвремени парламентарни избори.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ