
ДИК: Пендаровски 42,73 отсто, Силјановска 42,58 и Река 10,34 отсто
Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 98,12 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,73 отсто, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 42,58 отсто, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со освоени 10,34 отсто од гласовите.
Изразено во гласови, од досега преброените за Пендаровски гласале 317,222 граѓани, за Силјановска-Давкова 316,124, а за Река 76,765 граѓани. Неважечки се 32,350 ливчиња.
Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори изнесуваше 42,04 отсто или на гласање излегле околу 742,448 граѓани.