Градоначалник на Ново Село ќе се бира во втор круг

На денешните предвремени избори за градоначалник на Ново Село ниту еден од двајцата кандидати, Никола Андонов од СДСМ и Николчо Стоилков ВМРО-ДПМНЕ, не го доби потребниот број гласови. Имено, според податоци од штабовите на двајцата кандидати има голем број неважечки ливчиња и најверојатно тие пресудиле да нема победник денеска.

Според едни информации во минимално водство е Стоилков, а според други Андонов.

Според информации, пак, од Општинската изборна комисија досега се преброени гласовите од помалку од половината избирачки места од вкупно 20 избирачки места.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ