ДИК: Пендаровски 42,40 отсто, Силјановска 41,15 и Река 12,29 од 43 проценти обработени гласачки мести

Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 43,20 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,40 проценти, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 41,15, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 12,29 отсто. Бројот на неважечки ливчиња изнесува 4,01 процент.

Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 39,71 отсто од обработени 91,54 проценти од избирачките места проценти или на гласање излегле околу 700 илјади граѓани.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ