
До 17 часот гласале 34,38 % од граѓаните
На 6-тите претседателски избори во нашата држава до 17 часот на гласачките места изглегле 34,38% од граѓаните со право на глас.
Ова се податоци од обработени 98,69 % од гласачките места, според кои гласале 613 415 граѓани.
Најголем одзив на изборите има во Крива Паланка, каде гласале 57% од граѓаните со право на глас, во Демир Капија гласале 52,78% а во Демир Хисар 51,94%.
Најниска излезност има во Пласница, каде својот глас за претседател го дале само 12,04 % од регистрираните гласачи.