ДИК: До 15 часот на гласачките места излегле 28,75% од граѓаните со право на глас

До 15 часот вкупно гласале 396.252 граѓани што е 28,89 отсто од вкупно евидентираните во Избирачкиот список.

Како што соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски, во моментов пристигнуваат податоци од уште три општини, Гази Баба, Гостивар и Крива Паланка, но не се очекува тие драстично да го променат сегашниот резултат.

Нема посериозни нарушувања на избирачкиот процес. Гласањето се одвива мирно, без какви било проблеми. Се надевам дека така ќе заврши изборниот ден, како што впрочем апелиравме и очекувавме – во фер и демократска атмосфера, истакна Деркоски.

Тој сепак информира дека до ДИК се пристигнати осум нови приговори за нарушување на гласачкото право кои дополнително ќе бидат анализирани.

Деркоски на прес-конференцијата поединечно информираше за излезеноста во општините. До 15 часот, како што рече, се обработени податоци од вкупно 2.722 или 77,51 отсто. Тоа покажува дека излезеноста во Прилеп е најголема 43,75 отсто, а во Липково изнесува 9,75 проценти.

А, еве ги и споредбените бројки, за излезноста со претходните претседателски избори. Во 2014-та година, излезноста до 13 часот била 25,7 насто, додека на претседателските избори во 2009-та година, одѕивот до 13 часот бил 26,24 насто.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ