Полни гласачки кутии во затворите- во Идризово веќе претпладнево заврши гласањето

Претпладне, но гласачката кутија за изборите за 5-тиот претседател на државата веќе беше полна. Затворениците во најголемиот затвор Идризово од утрово се редеа и гласаа. Проблеми нема, иако има уште затвореници без лични карти или дојдени по затворањето на избирачкиот список па не може да гласаат ден однапред. Но сепак, излезноста на изборите во затвор е вообичаено висока и до 11 часот- нема каде да избегаат па во Идризово гласале 32 проценти од вкупно 817 избирачи.

Висока излезност од над 26 проценти имаше по три часа гласање во затворот Скопје во Шутка. Гласале 57-мина од вкупно 204-ца запишани. Но гласачкото место, тесна собичка беше празно и немаше врвулица. Потоа чуварите ни објаснија дека поради новинарските екипи не се носат притвореници да гласаат бидејќи за нивно снимање мора дозвола од суд. Токму во Шутка во притвор има неколкумина поранешни функционери. Ама пред камерата дојде само еден осуденик- кој имаше лична карта, но го немаше во списокот.

Во Штипскиот затвор веќе до пладне се надмина половината од запишаните избирачи.

Право на глас имаат 1640 затвореници од кои половина се во Идризово. Затворениците имаат право индивидуално да бараат намалување на казна или бришење на дел од казната од претседателот на државата во чиј избор тие учествуваа ден пред другите граѓани.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ