Македонија се подготвува за посетата на папата кој ќе биде во Скопје на 7-ми Мај.

165 странски новинари и 65 медиуми кои ќе патуваат со авионот на папата ќе ја следат неговата посета.

Папата Франциск ќе биде во Македонија десет часа, ќе има средби со државниот врв, а ќе одржи и миса на плоштадот во Скопје.

Мисата ќе се одржи во 11 часот и 30 минути и ќе може да ја следат 15 000 луѓе кои ќе резервираат карти, а во втората зона ќе може да се сместат оние кои не успеале да резервираат карти.

Се очекува на мисата да дојдат и верници од регионот, а во тек е акредитирањето на странски државјани кои сакаат да присуствуваат на мисата. Папата Франциск ќе го посети и меморијалниот центар мајка Тереза, ќе ја посети и католичката црква во Скопје, и ќе се сретне со скопскиот бискуп.

За време на посетата на папата ќе важат посебни мерки на безбедност, а неофицијално седми мај може да биде прогласен и за неработен ден.

Ова е прва посета на еден папа на Македонија.

Папата Франциск, претходно ќе ја посети Бугарија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ