Почина Д-р Милчо Трајков, претседател на Црвен крст од 2008 – 2017

По кратко боледување денеска на 65-годишна возраст почина поранешниот претседател на Црвениот крст на Република Македонија д-р Милчо Трајков.

Трајков беше претседател на Црвениот крст на Република Македонија од 2008 до 2017 година.

Како долгогодишен волонтер од 80-тите години на минатиот век активно беше вклучен во акциите и активностите што ги организираше Црвениот крст, пред се во делот на здравствено – превентивни активности.

Смртта го затекна на функцијата претседател на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Велес.

Во негово сеќавање утре во 11:30 часот во големата сала на Општина Велес ќе се одржи комеморативна седница, а посмртните останки ќе бидат изложени во црквата „Свети Пантелејмон“ на гробиштата во Велес во 13:00 часот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ