Мнозинството Грци не поддржуваат решение со терминот „Македонија“

За 65 отсто од Грците, прашањето за името на нашата земја лично е многу важно, а 71.5 отсто не би прифатиле име кое би го содржело терминот „Македонија“. Ова го покажува истражувањето на јавното мислење на фондацијата Елиа Меп, спроведено од 23 до 25 јануари годинава.

На прашањето, колку проблемот поврзан со името на ПЈРМ е важано за нив лично, 65 отсто од анкетираните се изјасниле дека е многу важно, за 16,5 остот на некаков начин е важно, за 8,5 отсто малку е важно, а за 9,5 отсто воопшто не е важно.

Во врска со тоа кое име за соседната земја е лично прифаливо, 71,5 остото од анектираните одговориле дека не прифаќаат име што би го содржело терминот „Македонија“, за 22,5 истот е прифаливо сложено име, додека 6 проценти немаат став за ова прашање.

Фондацијата за споредба ги наведува податоците од анкетата од пред една две години, кога 57% се изјасниле против терминот „Македонија“ да биде во името, 38% биле за сложено име, а 5% немале одговор на ова прашање.

Во однос на тоа на чија страна се обидите на НАТО, ЕУ, Германија, САД, Русија и ОН, за решавање на ова прашање, најголем број од анкетираните 38,5% се изјасниле дека ЕУ ги поддржува двете земји, 32% сметаат дека ЕУ се на страната на Македонија, додека 5,5 отсто сметаат дека ЕУ е на страната на Грција.

Во однос на САД, 5% сметаат дека ја поддржуваат Грција во овој спор, 38% дека ја поддржуваат Македонија и 27% дека САД ги поддржуваат двете земји подеднакво.

Во однос на Русија, 18% од анкетираните сметаат дека тие ја поддржуваат Грција, 20,5% Македонија и 21,5 отсто дека ги поддржуваат двете земји.

За НАТО, 28,5 отсто сметаат дека поддржката е за двете земји подеднакво, 32,5% Македонија, а 7% Грција.

56 отсто од Грците сметаат дека активностите на грчкиот премиер Алексис Ципрас се движат во погрешна, а 26.5 отсто во правилна насока.

За претседателот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, 54 отсто од анкетираните рекле дека неговите ставови се во погрешна, 21.5 осто во правилна насока.

За активностите на министерот за надворешни работи на Грција, 47 отсто рекле дека се движат во погрешна, 26 отсто во правилна насока. За министерот за одбрана, Панос Каменос, 51 отсто од анкетираните рекле дека се неговите позиции се во погрешна, а 26,5 отсто во правилна насока (ист процент како и за Ципрас).

Најголем процент во однос на тоа дали активностите се во позитивна насока, има грчкиот архиепископ Јеронимос – 34,5 отсто, а и најмал во однос дали се во погрешна насока 41 отсто.

Според Јоанис Армаколас, еден од спроведувачите на анкетата, бројките кои произлегуваат од анкетата ја отсликуваат грчката јавност како недоволно информирана и која не го разбира доволно спорот со името.

„Ова покажува дека раширена е фрустрација во грчкото општество за политиките и има длабока недоверба во надворешните сојузници и партнери на Грција. Исто така покажува дека Грците не им веруваат на своите политички лидери и дека нивните ставови за прашањето со името го рефлектираат нивниот бес и разочарување за повеќе аспекти од колективното живеење. Ова исто така покажува дека грчката јавност не е добро информирана за различните параметри на проблемот со името. Очигледно јавното мислење ќе биде голема пречка за секој обид да се реши прашањето со името. Но ова беше јасно и со анкетата која ја спроведовме пред две години. Тогаш нагласивме во нашите заклучоци дека има уште многу работа за да и се објасни проблемот на јавноста пред било каков обид да се реши спорот со името. За жал такви напори нема ниту од Владата ниту од политичките партии генерално“, вели Јоанис Армаколас, професор, соработник во „Елиа Меп“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ