
Студентите немаат доволно пракса
Студентите имаат повеќе теоретска од практична настава. Предвидените програми на универзитетите ги подготвуваат за добивање на оценки, но не и за вработување.
Академското образование не е сосема доволно да не подготви кога ние ќе стапиме на пазарот на трудот. Ние како студенти имаме забележано дека се движи многу побрзо, многу понапред од академската настава, вели Џемаил Шабани, студент на ФЕИТ.
Од компаниите велат, дека поважни им се практичните познавања. Студентот треба да направи паралела помеѓу теоријата која ја учи за време на студиите и да знае како да ја искористи кога ќе почне да работи.
Факултетот пополнува една работа, а праксата го пополнува другиот дел, вели Андон Драгоманов генерален директор на МЦА.
Дипломците не секогаш знаат каде да аплицираат за работа и која компанија е соодветна за нивниот смер, бидејќи реалноста е поинаква кога ќе се излезе на терен.
Младите студенти немаат претства која компанија со каква дејност работи, иако мислат дека имаат, вели Николина Шутиноска , Потпретседател на Клуб на Млади Инженери.
Фирми, професори и студенти денеска разговараа како да се премостат разликите меѓу знаењето што го даваат факултетите и она што навистина им треба на фирмите.
Теодора Цветковска