Отпадот се затрупува, а струја се докупува

Во Македонија се расфрла отпад со кој можеме да се грееме, осветлуваме, да го извезуваме, но и да ја спасиме животната средина од прекумерното загадување. Овие заклучоци не доаѓаат од владата, туку од студентите на машинскиот факултет кои истражувале со месеци зошто Македонија е земја која не го селектира, собира и рециклира отпадот.

Стотици диви и 54 локални депонии кои не ги исполнуваат европските стандарди. 800 илајди тони комунален, но и опасен завршуваат на некој рид или полјана. И од 5000 луѓе собираат и живеат од отпадот, соочени со болести, инспекции и кривични пријави.

Но, од нашето ѓубре засега се богатат странски компании.

Проблемот со отпадот може да се ршеи со изградба на современи депонии. Иако чинат десетици милиони евра, надлежнот минситерство две години не успева да ги убеди жителите на општината Дебарца и Св. Николе дека со нивна изградба ќе се зачува чистата околина, ќе се вработат луѓе и ќе фатиме чекор со стандардите на европската унија.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ