Најдоцна до крајот на мај обвинение за организаторите на крвавиот четврток

Привршува истрагата за организаторите на инцидентите во собранието од 27 ми април. Најдоцна до крајот на мај се очекува да биде напишано и поднесено обвинението.

Најголем дел од доказите се обезбедени, на распит поминале речиси сите сведоци а деновиве се повикуваат и осомничените.

Обвинителката Вилма Рускоска предвидува дека за месец и половина ќе ја заврши истрагата но не открива детали од неа.

Инаку како организатори на крвавиот четврток се осомничени екс претседателот на ВМРО ДПМНЕ и бегалец Никола Груевски, бегалецот од петттата управа Никола Бошкоски, екс директорот на УБК Владимир Атанасовски, тогашниот претседавач со осбранието Трајко Вељановски и двајцата поранешни министри Миле јанакиески и Спиро Ристовски. Обвинителката не се надева дека Груевски ќе се појави во земјава за да може да дојде и на распит кај неа.

Телма веќе објави дека осомничениот Атанасовски кој е во притвор од декември поднесе преставка до судот за човекови права во Стразбур. Според обвинителката четири месеци не се предолг период за истрага за делото за кое се товарат, терористичко загрозување на уставниот поредок. Инаку според неофицијални информации и дел од осомничените организатори побарале ид претседателот иванов да бидат помилувани, но потврда на ова нема.

Билјана Николовскa

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ