
Силјановска Давкова без никакво образложение го откажа „жешкото столче“ на ТВ Телма
Гордана Силјановска Давкова го откажа „жешкото столче“ на Телма. Претседателската кандидатка на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија Гордана Силјановска Давкова без образложение прво го прифати, а потоа го одби за денеска предвиденото гостување.
ТВ Телма како дел од својата програма за претставување на претседателските кандидати покрај првото соочување на тројцата кандидати им понуди и три поединечни интервјуа со новинари од различни редакции.
И покрај предходната усна и писмена потврда за учество Силјановска Давкова без никакво образложение го откажа интервјуто на ТВ Телма. Останатите двајца кандидати Блерим Река и Стево Пендаровски веќе ја искористија можноста за ваков вид на претставување пред гласачите.