Тимот на Сиљановска обвинува за „Големо око„ преку телефонска апликација

Анонимен свиркач пријавил во тимот на Гордана Сиљановска дека, СДСМ собира лични податоци за граѓани преку апликација на смарт телефоните. Апликацијата, според дојавата, е инсталирана преку  гугл плеј, а податоци се собираат и за личните контакти и за следење на движењето на граѓаните преку таканаречените гео-локации.

За ова од тимот на Сиљановска го известиле и одделот за компјутерски криминал при МВР, Комисијата за заштита на лични податоци, Јавното обвинителство, Антикорупциската комисија, ДИК, како  и сите странски амбасади и меѓународни институции. Од Јавното обвинителство бараат, веднаш да одреди мерка за забрана на користење на апликацијата и да спречи уништување на доказите и да го конфискува серверот на СДСМ, за да се изврши увид во него. На граѓаните им сугерираат,веднаш да ја избришат апликацијата.Велат дека, со оглед на тоа што, на серверот се складираат и фотографии и видеа од граѓаните, скандалот може да се нарече „Големото око„.

Од СДСМ негираат дека постои таква телефонска апликација.

Од оваа партија, пак, денеска ја обвинија Сиљановска дека се сликала со жена обвинета за изборни измами. Од нејзиниот тим немаа коментар за ова, но велат дека очекуваат и други слични обвинувања поради, како што велат, црната кампања што ја води владејачката партија.

Далиборка Демјанска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ