Говор на омраза во спотовите на претседателските кандидати

Спотовите на претеседателските кандидати кои продуцираат говор на омраза и дискфалифкација на личноста треба да се повлечат. Советот на етика во медиумите предупредува дека валканата кампања може негативно да се одрази на гласачкото тело.

Омаловажувањето на противкандидатот не треба да им биде арсенал на оружјата на политичките структури во обидот да освојат поголеми политички поени.

Како што се наближува датумот на избори се повеќе се заострува кампањата на претседателските кандидати. Не се штедат зборови за навреда на противкандидатот и партијата која стои зад неговата кандидатура.На 21 април изборниот процес треба да помине во најдобар ред затоа што ќе биде мониториран и ќе има големо значење за  интегративниот процес на земјата.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ