
Цивил: Партиите на албанците водат партиска место претседателска кампања
ДУИ, ДПА И Алтернатива водат партиска а не претседателска кампања, констатира ЦИВИЛ.
Во изборниот мониторинг наведено е дека овие партии иако официјално стојат зад кандидатурата на Пендаровски, не одат на неговите митинзи, водат свои кампањи исклучиво со партиски симболи и реквизити,промовирајќи ја својата политика.
Познавачите на состојбите во албанскиот политички блок велат дека е можно да се работи или за стратегија во рамките на коалицијата или мерење на силите на теренот.
За разлика од партиите на Албанците кои застанаа зад Пендаровски, лидерите на Алијансата и Беса се присутни на секој митинг и трибина на претседателскиот кандидат Блерим Река.
Јулијана Пешевска