И по четири месеци епидемијата на морбили не стивнува

Тројца лекари и директор на клиника да се заразат од вирусот на морбили не е невообичано, според првиот човек во здравството Венко Филипче. И по четири месеци епидемија, мерки и препораки, Филипче апелира за помасовна имунизација. Подготвени се капацитетите на Инфективната клинка и еден посебен оддел во специјалната детска болницата Козле.

Дел од новозаразените се медицинските лица кои се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или се уште нема податоци за нивниот вакцинален статус.

Од Институтот за јавно здравје апелираат до родителите да не ги носат своите деца на Детската клиника, додека не добијат упат од матичниот лекар, затоа што постојат сосотојби кои не е потребно да се третираат болнички.

Вкупниот број на заразени од морбили во моментов е 960. Само минатата недела се регистрирани нови 126 луѓе кои се заразиле со вирусот. Дел од нив се задржани во болница, а останатите се пуштени на домашно лекување.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ