Македонија Во Шведска фатен осомничен за крвавиот четврток, од Софија слетал во Стокхолм
39 годишниот Дејан Давидовски кој се бараше со меѓународна потерница за крвавиот четврток уапсен е во Шведска на аеродром Скаваста во Стокхолм. Од обвинителството за организиран криминал во земјава ја потврдуваат информацијата и велат дека веќе се преведуваат доказите со кои бараат негова екстрадиција.
Извори на Телма велат дека Давидовски бил фатен на 7-ми април годинава на пасошката контрола на летот од Софија до Стокхолм.
Имал бугарски пасош, негирал дека е поврзан со настаните од Собранието, но шведските обвинители сепак му одредиле притвор поради опасност од бегство. И министерството за правда е известено и ќе постапува по барањето за екстрадиција.
Инаку Давидовски не беше достапен на македонските органи кога започна истрагата за настаните од 27 април, а и кога беше поднесено обвинението. Како што беше тогаш најавено, дека кога ќе стане достапен ќе му биде и поднесено обвинение.
Тој е од групата маскирани кои влегоа во законодавниот дом.




