Македонија Опасни ерозии и дупки долж целиот пат кон Бањиче
Еколошки активисти и уметници со познатиот лик од серијата Ла Линеа ги предупредуваат граѓаните на опасна ерозија и дупка на тротоарот и патот кој води кон рекреативното место Бањиче. Ваквиот креативен начин има за цел да ги алармира градските власти, што поскоро да ја санираат собраќајницата која е ризична и за пешаците и за возачите.
Но патот кој води кон Бањиче на повеќе места е опасен. Ерозии има долж цел коловоз, а оштетени се и потпорните ѕидови. Граѓаните кои го користат овој предел за рекреација, велат дека свлечиштата започнале да се појавуваат откако властите започнале со реконструкција на патот.
Патот кон Бањиче започна да се реконструриа пред 4 години. Тогаш експертите предупредија дека реконструкцијата се изведува нестручно, затоа што патот се проширува долж стрмните падини на Шара кои се уривуваат, а се сечат и дрвјата што придонесува за нестабилен терен.
Од Општина Тетово, велат дека заедно со Министерството за животна средина имаат изработено проект за санација и изградба на потпорни ѕидови кон рекреативното место Бањиче. Истиот ќе започне да се реализира откако како што посочија локалните власти општината ќе изнајде средства.
Зоран Димовски



