Заев не очекува аболиција од Иванов, од Вила Водно не откриваат

Иванов нема законска можност да аболицира смета премиерот Заев по информациите во јавноста дека дел од обвинетите за 27-ми Април побарале спас од затворските казни директно од претседателот .

И Заев како и Десковска гледа повеќе спорни причини за аболиција меѓу кои и дека членот 11 од стариот закон за помилување кој му даваше можност на шефот на државата по исклучок да го заобиколи министерството за правда кога дава милост, веќе не постои.

Претседателот на Кривичен, Иван Џолев, вели дека до сега нема добиено никакво барање за аболиција на обвинети од 27-ми Април.

На брифингот со новинарите кусо  одговори дека не е добро судот однапред да се произнесува и да зазема став но ако претседателот донесе аболиција судот ќе ја разгледа добро и ќе одлучи дали е законска.

Дали претседателот на државата има дискреционо право самостојно да аболицира? Иванов и покрај јавните прозивките деновиве не се огласи дали останува на толкувањата од 2016-та година кога даде масовна аболиција за предметите на СЈО  или пак можеби во мегувреме се премислил и ќе ги одбие барањата за помилувања.

Дали членот 11 е избришан или е вратен повторно се отвори дебатата од пред 3 години.

Дел од правниците пак анализираат дека дури и да сака Ивабов да ги аболицира се отвора прашањето кое име на државата ќе го пише во таквата одлука. Според досегашното искуство Иванов не го користи името Северна Македонија и досега ги враќаше законите донесени во Собранието по уставните измени. Доколку не стои новото уставно име таквата одлука ќе нема важност велат правниците.

Според Здружението Зелена Лупа,  поранешниот шеф на БЈБ, Митко Чавков не може и не смее да биде амнестиран или аболициран од страна на претседателот поради директен  конфликт на интереси затоа што во 2014  донирал финансиски средства за изборната кампања на Иванов.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ