
УЈП недозволиво ја толерира вработената која измами граѓани со илјадиници евра
Вработената во УЈП, Розмарин Стојковска, со правосилната пресуда за измама го нарушила етичкиот кодекс на институцијата и ја ставила на ѕидот на срамот, смета универзитетскиот професор Борче Давитковски.
Зачуден е што управата не била упорна за да реагира на однесувањето на нивната вработена која со години мамела луѓе преставувајќи се токму како вработена во УЈП.
Според него за дисциплинската комисија од УЈП би требало доволна да е правосилната пресуда од велешкиот суд и покрај тоа што е условна за да има некаква санкција за Стојковска.
Во емисијата КОД веќе објавивме дека Розмарин Стојковска од УЈП еднаш веќе е избркана од работа за тоа што злоупотребила даночни податоци.
Но сите судови во земјава пресудиле во нејзина корист и и наложиле на УЈП да ја врати на работа. Ценеле дека институцијата направила грешка и не го запазила законскиот рок за отказ и го дала четири денови подоцна.
По ова Стојковска има направено уште измами но продолжила да работи во управата.
Розмарин Стојковска сега се соочува со затворска казна од две години, за што ќе се одлучува на 5 мај.
Таа веќе има пресуда за измама и треба да врати 36 илјади евра на луѓе од Росоман кои ги измамила и лажно им продавала станови и ветувања за вработување.
Но уште неколкумина измамени на сличен начин ја чекаат полицијата и обвинителството да отворат истрага за измама која ги чинела илјадници евра.
Билјана Николовска