
Жените земаат пониски плати од мажите
Жените се се помалку платени од мажите во земјава, низ годините се продлабочува јазот во нивните плати. Дури за 18 отсто примањата на жените се пониски од припадниците на посилниот пол, што е драматично, ако се има предвид дека во 2010 таа разлика изнесувала само 6,6 проценти. Разликите во платите можат да се забележат и за исти позиции и за исти сектори, говорат податоците на меѓународната организација на трудот. Стереотипите и конзервативните размислувања за улогата на жената во опшетството се уште се сметаат за главна причина, покажале истражувањата на граѓанскиот сектор.
Од синдикатот се загрижени што и во 21 век, јазот меѓу платите на мажите и жените, наместо да се намалува, се зголемува.
„Истражувањето покажува дека жените главно се вработуваат на пониско платени работни места. Од секторите најмногу се присутни во образованието, здравството и текстилната индустрија. Во јавната администрација работат повеќе мажие“; вели Маре Анчевска, СИЕР.
Најмал јаз во платите межу мажите и жените во регионот е забележана во Словенија. Сепак, анализите говорат дека разлики во примањата межу двата пола постојат и во многу поразвиените држави од нашата.
Нина Нинеска-Фиданоска