Министерството за животна средина ќе формира советодавно тело за справување со аерозагадувањето

Македонските научници кои работат на истражувања и имаат низа на податоци за аерозагадувањето ќе бидат дел од новото советодавно тело, кое ќе го формира Министерство за животна средина.

Науката во моментов има напредок на оваа тема, но до сега институциите нивните податоци и знаења не ги користеле.

Дополнителни средства ќе се обезбедуваат и од меѓународни фондови.

Заменик министерот за животна средина, Макрадули најави и нов Закон за возила, работна група веќе работи на овој закон, кој предвидува и  регулирање на таксите кои ќе се плаќаат врз база на издувните гасови.

Што се однесува за палењето на стрништата и на депониите, Макрадули забележа дека капацитети на државниот инспектар за животна средина веќе се зајакнати со 14 нови инспектори и зголемување на буџетот на оваа институција, а како Влада остануваат на ставот за отварање на регионални депонии.

Првата ќе биде токму за источниот и североисточниот плански регион.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ