
Скопска апелација ја објави пресудата за сообраќајката кај Универзална во која загина Фросина Цековскa
Љубиша Видојковиќ кој пред 4 години смртно ја прегази студентката Фросина Цековска на Партизанска, признал вина на расправата во Апелација и ова признание и каење судиите во пресудата го навеле како едно од олеснителните околности поради кои второстепениот суд му пресудил 3 години затвор наместо 4 како што одлучи Кривичниот суд.
Како олеснувачка околност за Видојковиќ судиите го сметале и тоа што Фросина го поминала пешачкиот премин на црвено светло а се наведува и дека бил неосудуван, неоженет па и возраста од 30 години.
Отежителни околности според пресудата биле степенот на кривична одговорност, околностите под кои се случила сообракајката, зачестеноста на ваквите кривични дела и др.
Апелација соопшти и дека ја укинала првостепената пресуда и поради тоа што во неа имало суштествени повреди. Со оглед на тоа што претгходно еднаш апелационите судии ја укинаа првостепената пресуда вториот пат закажале расправа со странките и донеле конечна одлука 3 години затвор.
Според пресудата на 03.04.2015 годинa како учесник во сообраќајот не се придржувал кон прописите, возилото го управувал под дејство на алкохол, со концентрација од 1,133 грам промили алкохол во крвта и со брзина од 85 км на час и удрил во Цековска.
Првата пресуда на Кривичен беше 6 ипол години затвор за Видојковиќ. Апелација ја укина и ја врати на повторно судење по што Кривичен му пресуди 4 години затвор.
По жалбите предметот пак дојде во Апелација која овој пат му пресуди 3 години затвор, една година под законскиот минимум за кривичното дело тешки дела против безбедноста во сообраќајот.
Пред два дена од обвинителството потврдија и дека на повтореното судење според насоките на апелација во обвинението било изоставено делото неукажување на помош со кое Видојковиќ се товареше поради тоа што не застанал откако ја прегазил 19 годишната Цековска.
Родителите разочарани од институциите бараат ново судење и правда за смртта на нивната ќерка.