
Ниска свест за улогата на контрацепцијата, сексуалното и репродуктивно здравје
Според извештајот на Фондот за население при Обединетите нации само со обезбедување на контрацепција во светски рамки мајчината смртност се намалува за 25%, вклучувајќи ја високоризичната бременост и бројката на абортуси, а смртноста на новороденчињата за 20 %.
За жал кај нас употребата на контрацептивните средства е релативно ниска во однос на географскиот регион каде се наоѓаме, смета доктор Глигор Тофоски.
Во анализите дадени од Институтот за јавно здравје и од доктор Бранкица Младеновиќ имаме дека во прв совет за планирање на семејството односно за барање начин да ги остварат овие права за кои зборуваме значи само 1,2 % од жените во репродуктивниот период всушност бараат начин да остварат контрацепција, а само 1% од адолесцентите доаѓа да ја побара истата услуга.
Според стручњаците улогата на контрацепцијата не значи само контролирање на бројот на раѓања, туку и значително влијание на здравјето на жените, намалување на мајчината и новороденечка смртност, намалување на ХИВ и други сексуални болести, туку е и во директна врска со женските права и родовата еднаквост. Причините за некористење на контрацепција се различни:
Кога ќе прашаме зошто вели сопругот не ми дозволува, се случува да има причина како скапо е и тоа е бариера или не можам да дојдам до одредено место каде има контрацепција, но многу често мојот сопруг или партнер не сака да користам контрацепција.
Семејното планирање не значи редуцирање на фертилноста и намалување на нивото на наталитетот на една држава, туку зајакнување на жените да одлучуваат свесно во обликувањето на својата иднина, заклучуваат стручњаците.
Нина Стефанова