
Каневче: Јагленот како енергенс нема иднина
Јагленот како енергенс нема иднина кај нас и во Европа, поради што последен момент е да се размислува за нови насоки во развојот на најголемиот производител на струја во државата РЕК Битола. На патот кон евроинтеграциите имаме обврска да се прилагодиме на политиките на Европската унија, во спротивно цената за загадувањето скапо ќе ја плаќаме, вели академик Глигор Каневче, енергетски експерт.
Цената за емисиите на ЦО2 ќе биде толку висока што не ќе може да биде ни приближно конкурентна на пазарот на електрична енергија. РЕК Битола како основа на Битола и Македонија, треба да презема мерки за постепена преоринетација, вели Глигор Каневче, академик.
Државата се уште нема обврска да плаќа такси за емисијата на јаглерод диоксид, но Европската унија притиска сите земји од регионот да се вклучат во тој систем вели Каневче и предлага добро да се размисли, дали планираните инвестиции во РЕК Битола имаат иднина.
Со оглед на овие нови текови, треба да се направи детална техно-економска анализа што понатака, за да не ни се случи некои инвестиции да бидат напразно фрлени. Подобро тие да се искористата за нешто што ќе има подолгорочна перспектива, вели Каневче.
Очекуванaта насока за развој на енергетиката во светот и кај нас се обновливите извори на енергија, рече академик Глигор Каневче на денешното предавање на Техничкиот факултет во Битола одржано пред научната фела, енергетските и локалните власти, студентите.
Емилија Мисирлиевска