
Обвинение и психјатриско лекување за мајката на 13 месечното претепано бебе предлага ОЈО Скопје
Мајката на претепаното 13 месечно бебе кое минатато лето заврши на Ургентниот центар со тешки повреди на главата и телото, ќе одговара за кривично дело запуштање и малтретирање на дете но обвинителството со обвинителниот акт предлага судот покрај казната да и изрече и мерка задолжително психијатриско лекување на слобода поради намалена пресметливост непресметливот.
Психијатрите кои и вршеле вештачење утврдиле дека таа делото го сторила во состојба на битно намалена пресметливост и да го разбере делото и намалена состојба да управува со своите постапки заради намалена моќ на расудување, сфаќање и одлучување, стои во соопштението од скопското обвинителство.
Истрагата констатирала дека во периодот од 15 јуни 2018 до 07ј ули 2018 година, со грубо запоставување на својата должност за родителска грижа, го запуштила детето и со тоа го довела во опасност неговиот живот. Додека таткото на детето се наоѓал на издржување казна затвор, таа повремено го оставала само, без родителска грижа и без да внимава на неговата сигурност и потреби, инфомрираат од скопското обвинителство. Како резултат на тоа, на 07 јули 2018 година кај детето биле констатирани тешки телесни повреди изразени како скршеница на коските на черепот, крварење на тврдата мозочна обвивка, нагмечување на мозокот, скршеници на коските на двете нозе и на двете раце.
Социјален работник од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи му е старател на бебето кое е сместено во Домот за доенчиња во Битола, потврдуваат надлежните.
Кој му ги нанел тешките повреди на бебето се уште не се знае. Од обвинителството велат дека работат на откривање.