Работен појадок на Османи со амбасадорите на земјите од Западен Балкан

Ден пред излегувањето на стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ќе има работен појадок со амбасадорите на земјите од Западен Балкан во Република Македонија.

На средбата, информираат од Секретаријатот за европски прашања, се поканети амбасадорите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.

На средбата се очекува да се отворат и останатите теми од регионален интерес, како што се следниот циклус на извештаи на Европската Комисија за земјите аспиранти за членство, напредокот во меѓусебната соработка и добрососедските односи и потенцијалите за соработка во рамките на Берлинскиот процес, соопшти СЕП.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ