Меѓупартиска битка за „одлетаните“ лустери на ВМРО ДПМНЕ

Лустерите во прес салата на ВМРО-ДПМНЕ преживеаја едно селење. И денеска висеа од плафонот зад камерите на прес конференцијата на партискиот портапрол. Од кои простории во седумкатната бела палата се изнесени лустерите кои се закачени во црквата во Љубанци не беше покажано. Во ВМРО ДПМНЕ сметаат дека лустерите не се луксузни иако не кажуваат од кои пари и колку се платени затоа што е донација.

Токму изградбата на партиското седиште е дел од обвинението Талир на СЈО во кое повеќемина партиски функционери се обвинети за нелегално партиско финанисрање и криминална донација на зградата. Но СЈО бараше и доби замрзнување само на партискиот недвижен имот, додека ентериерот е слободен за користење иако и тие предмети во специјалното обвинителство ги сметаат како можност за отштета при евентуална пресуда. Фалбата на Тарчуловски на фејсбук со донираните лустери кои се набавени во странство предизвика и реакција на владеачките социјал демократи за кои партиската донација од белата палата се одвива во сомнителни услови.

Партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ е изградено во договор со градежна фирма која доби простор за хотел, а е отворено на 25-тиот роденден на партијата пред 4 години.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ