
30-дена притвор за телохранителот на Мијалков
30 дена притвор одреди кочанскиот суд за телохранителот на Сашо Мијалков, Драганчо Стоименов. Обвинителстовот барало притвор поради можност од бегство и влијание врз сведоците.
Стоименов или попознат како Дацо Белски по речиси три месеци бегство вчера сам се предал и со адвокат се појавил во обвинителството во Кочани. Во средината на јануари во кафаната Аква во Кочани со пиштол стрелаше и го рани 33 годишниот Драган Здравев – Дач. По инцидентот беше поднесена кривична за обид за убиство. Инаку Стоименов е познат во јавноста како клучниот сведок во процесот „Детонатор“ во кој дел од осудените се и на доживотен затвор, а беа променети 13 полициски командири во Источна Македонија.