Поплавени повеќе објекти во Македонски Брод по поројните дождови

Мала Река се излеа кај Македонски Брод. Поплавени се полициската станица, интерантот, а отсечени се и неколку села поради урнати мостови. Критичен е и водостојот на реката Треска, која е пред излевање.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека водостојот на Треска кај Македонски Брод е зголемен за повеќе од 10 пати во последните осум часа. Поплавите направија голема материјалната шетата, информира за Телма градоначаникот на Македонски Брод.

По поројните дождови од вчера и топењето на снегот освен на Треска, зголемен е водостојот и на Црна Река кај Новаци за три и пол пати, а на Брегалница кај Штип за речиси двојно.

Водостојот на Вардар кој кој исто така достигна многу високо нив, почна полека да се намалува на мерните места во Јегуновце и во Скопје. Кај Велес и Демир Капија нивото на реката се уште е во пораст.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ