
Милошоски ја пречкрта Северна од својата легитимација во Стразбур
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, ја пречкрта Северна на својата легитимација во Стразбур.
Тој е дел од собраниската делегација што учествува на пролетната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, а за ваквиот потег тој се пофали на социјалните мрежи.
Ова, според премиерот Заев, е лоша порака испратена на дрзок и безобразен начин. А непочитувањето на Уставот може да се смета и за кривично дело.