Власта прифати дел од амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за законот за Јавно обвинителство

Власта прифатила дел од амандманите на ВМРО ДПМНЕ за законот за јавно обвинителство и од саботата новата верзија на законот со кој се решава и судбината на СЈО е во рацете на опозицијата потврди премиерот Зоран Заев. Тој очекува уште утре да продолжат преговорите  и е оптимист дека ќе има договор

Од министерството за правда велат дека ги прифатиле амандманите на опозицијата кои не ги загрозуваат постaпките и статусот на СЈО и се однесуваат во најголем дел на етичкиот кодекс.

Сега се чека ВМРО ДМНЕ да изгради став по најновите измени. Денеска од правда комуницирале со главниот преговарач од опозицијата Тони Менкиновски  кој побарал дополнитлено време за да изгради став со работната група.

“Ние не одбиваме средба и  не одолговлекуваме. Од министерството за правда добив викендот некои нивни размислувања за законот на ЈО на кои ние треба да одговориме и ни е потребно време за работната група на вмро дпмне која брои 40 професионалци да се состане и да ги разгледа.  За содржината се договоривме да не коментираме јавно и сакам да го одржам зборот” – подвлече Менкиновски.

Осуммината независни пратеници, бараат законот за јавно обвинителство да се донесе со консензус на сите политички партии во собранието а не со 2-3 мнозинство кое би го обезбедил со нивните гласови како во случајот со уставните измени.

Ова во телефонски разговор за Телма го потврди пратеничката Емилија Александрова кој вели дека на средбите со лидерот на опозицијата Мицковски и со премиерот Заев не се говореле конкретно за нивни забелешки на законот.

“Не би навлегувала во детали од законот. Ние за содржината не диксутиравме ниту на средбите. Нашите забелешки беа во насока законот да се донесе со широк консензус и сите партии да најдат заедничко решение бидјеки само така  СЈО ќе има легитимитет за својата работа.” – реагира Александрова.

Бомбите остануваат надовр од доказите за сите постапки отворени по 30 јуни 2017 потврди премиерот и тој не смета дека со тоа им се прави штета на СЈО бидјеки тие не се ниту можат да бидат единствени докази во предметите.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ