
Отворена е годишната програма за школарини на интернационалното училиште QSI Скопје
Посветените и вредни ученици од основните и средните училишта имаат одлична можност да бидат дел од QSI Интернационално Училиште Скопје. Висината на одобрениот попуст е до 50% од редовната годишна школарина. Право за пријавување имаат сите ученици, постари од 9 години, чиишто родители не се во можност целосно да ја подмират редовната школарина. Уплатата за остатокот од трошоците, по пресметаните до 50% попуст, може да биде остварена од кој било субјект (приватен или организација). Одобрениот попуст се однесува на сите консекутивни училишни години, односно до завршувањето на образованието на ученикот во училиштето.
Изборот на кандидатите ќе се одвива со тестирање и/или разговор.
Конкурсот е отворен до 8-ми мај 2019 година.
За повеќе информации за пријавување, заинтересираните може да се обратат во QSI Интернационално Училиште Скопје, на следниов контакт – телефон: 30 51 844 или преку е-маил [email protected].
Зад QSI Интернационално Училиште Скопје се над 20 години успешна работа во остварувањето на образовните потреби и цели на децата на претставниците на дипломатскиот кор во државава, понатаму на меѓународните организации, на странските приватни бизниси, како и на македонските државјани кои претпочитаат да ги образуваат своите деца во интернационална средина, имајќи за цел продолжување на нивното образование, односно студии во странство. Наставниот план го следи американскиот наставен модел, а англискиот јазик е официјалниот наставен јазик во училиштето. Наставниот кадар за сите главни предмети го сочинуваат наставници на коишто англискиот јазик им е мајчин јазик, а коишто во своето портфолио поседуваат американски образовни сертификати.