Инвеститори узурпираат дворови на ул. Дижонска

Во Чаир на улицата Дижонска жителите се жалат дека иако имаат поднесено барања да ги приватизираат дворовите кои со децении  ги користат , општината дозволува приватни инвеститори да им ги узурпираат и градот. Таков инцидент имаше и утрово кога десетина жители од овој реон на општина Чаир мораа да повикаат полиција изненадени дека пред нивните куќи ќе никне нов објект. Од полициската станица ги известиле сопствениците дека инвеститорот продолжил со градењето и дека се прогласуваат за ненадлежни за понатамошни постапки, бидејќи кривично дело не е пријавено.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ