Тетово нема средно училиште на албански за деца со посебни потреби

Деветооделенката Сара Дураку од Тетово  се врати од параолимписките игри од Абу Даби со две медали освоени во спортски дисциплини во атлетика. Со многу труд се стекнала со спортски вештини во рамки на образовниот процес во основното училиште Лирија во Тетово.

Но за Сара и за останатите децата со посебни потреби кои следат настава на Албански јазик, најчето воспитно образовниот процес завршува во основното образование. За нив не постои специјално средно училиште каде ќе можат да се надградуваат, а за учениците Македонци има само една ваква образовна установа во Скопје.

Дефектолизите велат дека поради овој проблем се поголем број деца остануваат затворени дома, а без нивна инклузија во системот нивната ментална и психичка сосотјба се влошува.

Од Секторот за образование и наука при Општина Тетово велат дека дел од децата со посебни потреби успеваат да завршат средно образование најчесто во средните стручни училишта во Тетово, со цел полесно да најдат работа на пазарот на трудот. Но сепак за оваа категорија ученици треба да постојат специјални средни училишта каде има специјален кадар кој работи со нив

Велат дека се обратиле до Министерството за образование и наука да се отвори едно училиште во Тетово,кое може да го опслужува целиот полошки регион

Инаку основните училишта во Тетово се соочуваат со недостаток на на дефектолози психолози и педагози. Ваков наставен кадар е вклучен во наставата во работата со деца со посебни потреби преку проект на УНДП. Нивната вклученост во воспитно образовниот процес дало многу позитивен ефект кај децата посочуваат општинските власти, додавајќи дека ќе бараат од министерството овие стручни лица да бидат постојано вработени.

 

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ