
Нови обид на мигрантите во Грција да стигнат до македонската граница
Нови судири меѓу мигрантите и грчката полиција откако мигрантите и денеска се обидоа да стигнат до македонската граница. Бегалците и мигрантите кои се сместени во камп на 60-на километри од македонската граница во обидот да ја пробијат грчката полиција фрлале камења, на што им било возвратено со солзваец. Тие постојано извикувале да се отвори границата. Тензично во импровизираниот бегалски камп кај Диавата, во близина на Солун, е од синоќа кога мигрантите на повеќе места потпалувале сува трева и гореле пластика. Засилено е и полициското присуство на границата код грчка страна.
Пред инцидентот грчките власти се обидоа низ директен контакт со мигрантите да ги премислат во обидот да стигнат до северната граница, велејќи им дека се измнипулирани и излажани дека Балканската рута е отворена.
„Она што се случи во Диавата е резултат на лажни вести. Не треба да го ризикуваат она што го имаат и не треба да ги користат своите деца како штит, бидејќи шверцерите со луѓе им продале лажна надеж“, изјави Димитрис Вицас, министер за миграција на Грција.
Тој информираше дека слични лажни вести до мигрантите имало и во Турција, дека тие преку Грција, можат да стигант до Европа. Вчера турските валсти пак спречиле движње на 200 мигранти, кои како што им пренел тргнале кон Идомени за да ја поминат грчко-макеоднската граница. Како што јавуваат грчките медиуми, меѓу мигрантите се раширила веста дека и Германија обајвила дека повторно ќе прима мигранти. Властите во Грција се обидуваат да лоцираат од каде потекнуваат пораките со лажните вести до мигрантите.
Во меѓувреме на македонскиот ел од границата е мирно и како што информираат од полцијата, таму е мјирно.
„Нема зголемен број на мигранти. Ситуацијата е нормална и има доволно полициски службеници на границата, но по потреба може да се активираат дополнителни сили“, информираат за Телма од МВР.
Министерката за одбрана пак утрово информираше дека се следи состојбата со мигрантите на јужната граница и армијата и полицијата се подготвени да се соочат со евентулано зголемување на притисокот.
„Во текот на вчерашниот ден правевме консултации и Министерството за внатрешни работи, пред се, и ние како негова поддршка, сме подготвени да се соочиме и со зголемување на притисокот на границата. Тоа покажува дека е важно да се биде буден и подготвен. Состојбата се следи и не случајно таму имаме постојано армиско присуство коешто продолжуваше дури и во деновите кога немавме ниту еден мигрант на границата. Сега, посочи, се гледа дека тоа бил оправдан чекор“, изјави Шекеринска.
Инаку бројот на мигранти во Грција кои во моментов се наоѓаат во импровизираниот камп надвор од прифатниот центар Диавата е околу 700. Грчките власти информираа дека успеале да убедат дел од нив да се вратат во кампот.
Тамара Грнчароска