Се води постапка за екстрадиција на 15 лица припадници на ФЕТО

Во земјава има 15 припадници на организацијата Фето, за кои се води постапка за екстрадиција. Двајца од нив повеќе не се во земјава, тврди министерот за внатрешни работи.

Турција ги бара овие 15 лица за кои тврди дека се поврзани со терористички активности, односно дека се припадници на орагнизацијата Фето, која турските власти ја смета за терористичка, а понајмногу одговорна за државниот пуч во 2016-та година.

Но, македонските Власти се уште не одлучиле дали ќе ги испорачаат, а постапките се во тек. Од министерството за правда не сакаат многу да коментираат.

„Министерството за правда во 2018 и 2019 година, работеше на повеќе предмети за екстрадиција на барање на Република Турција. Министерството за правда за сите овие барања се обрати до судот за натамошно постапување. Во моментот сите постапки се во тек и надлежните органи се во комуникација„ соопштија кусо од министерствот за правда.

Турција пред два дена побара институциите на Северна Македонија да преземат конкретни мерки против лица поврзани со организацијата Фето. Турскиот министер за одбрана ја пренесе пораката дека постоењето на таа организација во земјава им штети на билатералните односи, и го саботира пријателството. Неговата македонска колешка, Шеќеринска рече дека институциите ќе бараат решение, но и дека властите се подготвени да возвратат за постојаната поддршка што ја имаат од Анкара.

Според турските власти, најголемото прибежиште на припадниците на Фето е Косово. На оваа територија криминалците можат слободно да се движат бидејќи земјата не е член на ниту една меѓународна безбедносна институција. Турција бара испорачување на 504 лица од 91 земја. Досега, во Турција се екстрадирани 107 припадници на Фето.

 

Алиса Шутиноска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ