
Инцидент близу Солун – мигранти сакаат да ја поминат грчко – македонската граница
Стотици мигранти заглавени во Грција почнаа да пристигнуваат во близина мигрантскиот камп на десетина километри од Солун. Тука вчера попладне поставиле шатори.
Во судирот со полицијата, во кој тие фрлале со камења, учествувале околу двесте мигранти. Официјално во судирот нема поредени или уапсени.. Дел од нив велат дека по повикот на фејсбук тргнале да ја преминат границата и да стигнат до нивната крајна цел Европа. Оваа бегалска рута не функционира од 2016 и од тогаш во Грција се 70.000 мигранти.