Повеќето родилишта немаат лекови за животно загрозувачки случаи

Критична е ситуацијата со лекови за критични пацинети во родилиштата. Дел од терапијата за тешките и комлицирани породувања воопшто не е регистрирана, а лековите кои веќе добиле зелено светло најчесто ги нема. Останува енигма колку новороденчиња и мајки би ја избегнале смртта доколку здравствените установи навреме ги регитрирале лековите. Нивните судбини само како бројки велегуваат во црните статистики. Клиниката за гинекологија 2018-та ја почна со 8 починати предвремено родени бебиња во првиот месец, 2017-та ја заокружија 163 загубени детски животи, а годината пред неа, 184. Намалување има, но бројките се уште се загрижувачки високи.

 

Министерот Филипче најави стратегија за намалување на смртноста, потенцирајќи дека освен лекови, во родилиштата недостасуваат и клинички протоколи за справување со сериозните ситуации.

Клиниката за гинекологија веќе доставила барање до министерството за лекот Атосибан, неопходен за спречување предвремени породувања, главните виновници за високата смртност кај новороденчињата. Здратсвените власти допрва ќе го регистрираат лекот, кој во светот бемалку две децениии наназад спасува човечки живооти. Филипче, голема вина им припишува на родилките. Вели, несоодветна грижа на мајките за време на бременоста е причина за голем број предвремени породувања што завршиле фатално.

Другата страна на проблемот е недостигот на гинеколози во државата. Постојат општини, особено во западна Македонија без ниту еден матичен гинеколог. Лекарите неодмана се посомневаа и во резултатите што ги допиваат за ХПВ-тестовите. Некои од нив тврдат дека документите им се враќаат без потпис и печат од лекар.

Весна Јовановска – Дојчиновска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ