Дескоска: Насоките што ги добива Мицкоски од менаџерот во Будимпешта за СЈО се против правдата

Услов за почнување на преговорите со Европската унија, не е донесување на каков било закон за јавно обвинителство, туку квалитетен закон кој ќе овозможи право и правда и казнивост на криминалот во нашата држава, пишуваат од министерството за правда, по обвинувањата на Мицкоски.

„За жал, насоките кои ги добива претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски од неговиот менаџер од Будимпешта, а кои се претопени во амандмани, се против принципите на владеење на правото и правда во нашата држава“, пишуваат од министерството за правда. „Законот со себе носи силни последици за сторителите на кривични дела.. Едноставно, тежината е во тоа што, законот тангира голем број страни, од кои се очекува поддршка во Собранието, со цел отпочнување на преговорите со ЕУ, пишуваат од министерство за правда.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ